Судењето за насилството во општина Центар ќе продолжи на 19 април. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Во овој случај на СЈО, обвинети се екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица кои се изјаснија за невини.
И на денешното рочиште во Кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, повторно бараше од судијата Душан Јосифов да ја преиспита својата одлука во врска со притворот за обвинетиот Милан Андоновски. Обвинителката тврди дека лекарот не ги исполнил потребните дијагностички прегледи.
Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на Милан Андоновски, кој според боледувањето имал ларингит. Андоновски денеска се појави во судницата. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на рочиштето посочи дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да испрати инспекција со цел да се провери дали се оправдани боледувањата кои ги вадеше Андоновски поради што во три наврати беше одложувано судењето за насилството во Центар.
Инспекторатот испратил екипа во приватната медицинска ординација и специјалистичката државна клиника од каде на Андоновски му беше издадено боледување непосредно пред минатото рочиште во март.
Инспекцијата ги одзела медицинските документации за обвинетиот и ги предала до Лекарската комора и до Фондот за здравствено осигурување од кои што институции била формирана комисија која ги разгледала документите.
-Изготвен е извештај и било констатирано дека при издавање на специјалистичкиот извештај се направени пропусти во повеќе наврати – рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Лекарот и специјалистите кои го издавале боледувањето, посочи Фетаи, не ги исполниле потребните прописи, не се направени стандардни лабораториски анализи итн.
Обвинителката посочи дека боледувањата на обвинетиот му се издавани наменски непосредно пред рочиштата. Таа најави и оти против лекарите ќе покренат соодветна постапка.
СЈО уште тогаш посочи дека се сомнева во оправданоста на отсуствата и побара судот да му определи притвор и во затвор тој да се лекува и да пие амоксиклави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст