Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа од вкупно 11 што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Полесно повредени се осум лица во пет сообраќајни незгоди, а материјална штета е причинета исто така во пет сообраќајки.
Во изминатото деноноќие, 41 возач ја надминале дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои четворица биле под дејство на алкохол и 14 возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило. Тројца возачи поминале на црвено светло на раскрсница. Од сообраќај се исклучени 15 нерегистрирани возила.
Непрописно паркирани биле 129 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 73 возила. Кај пешаците во текот на изминатото деноноќие, четворица поминале на црвено светло.
Во текот на денешниот ден, едукативни работилници ќе бидат реализирани со ученици од второ и четврто одделение во основното училиште „Лазо Трповски“ во општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст