| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 10.570 административци со основно, а дури 495 без образование

Најголемиот дел од вработените во јавната администрација во Македонија имаат средно или високо образование, покажуваат податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор во Македонија, кој го изготви Министерството за информатичко општество и администрација.

Но, не е мал ниту бројот на оние кои се вработени во јавниот сектор без никакво образование. Според последните податоци, до крајот на 2017 година дури 495 вработени се без образование, 202 се полуквалификувани, 404 се квалификувани, 10.570 се со основно образование, 38.045 се со средно образование, 547 се висококвалификувани, 5.707 се со вишо образование, 46.405 се со високо образование и 4.861 се магистри и 2.068 се доктори на науки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top