| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Ѓуриќ откри зошто беше уапсен и измачуван во Косово

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ вечерва во „Кирилица“ откри што се случило во Брисел непосредно ред апсењето во Косовска Митровица, што било тоа што толку ја изнервирало приштинската делегација. Непсоредно по хаосот во Косово, кога беше грабнат Ѓуриќ, претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека еден потег на Ѓуриќ на станокот во Брисел ги изиритирал претставниците на „лажната држава Косово“. Ѓуриќ вечерва откри кој е тој потег.

– Им се насмеав, рече Ѓуриќ.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија објасни дека токму таа нсмевка ги збеснала Албанците, кои тогаш отворено му се заканиле.
– „Ќе ме запамтиш“, тоа ли ти рекоа, го праша новонарот Ѓуриќ, а тој одговори:
– Нешто во тој стил. Ѓуриќ објасни дека неговата ансмевка била иронична реакција на нереалните барања на приштинската делегација.
-Не можат да очекуваат ништо да не дадат, а Србија да им даде се, го повтори ставот на српските власти.
Марко Ѓуриќ беше уапсен на 26 март при посета на Косовска Митровица. Апсењето го спроведоа специјалните единици на косовската полиција. Беше тепан и понижуван и протеран во централна Србија, каде што му беше укажана прва помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top