Холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли се договориле за условите околу старателството над децата и ќе се разведат за неколку недели, откако се разделија пред две години, јавуваат светските медиуми.
Славниот пар кој има шест деца, конечно прогласи примирје и нивните адвокатски тимови ги привршуваат документите со кои разводот ќе биде и правно регулиран.
Како што јавуваат светските медиуми, Бред наводно ќе поминува со децата исто време колку и Анџелина, одлука од која актерот е воодушевен.
-Бред и Анџелина споразумно ги договорија и другите услови од разводот. Се ќе се заврши за неколку недели. Ова е голем пресврт со оглед на тоа дека актерката беше прилично остра во правната битка и не сакаше Бред да учествува во воспитувањето и одгледувањето на децата.
Клучната работа е дека се согласуваат со поделено старателство. Се шпекулираше дека разводот ќе се поништи, но тоа е далеку од вистината – вели извор близок со парот кој додал дека поради децата актерите ќе останат во „пристојни односи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст