| четврток, 6 декември 2018 |

Фустанот чини 1.000 евра, а Меланија во него изгледа како милион долари

Иако гласините за аферите на американскиот претседател Доналд Трамп не се смируваат, а меиумите почнуваат да прашуваат до кога Меланија ќе ги трпи неговите испади и непочитувања, претседателскиот пар изгледа како никогаш да не бил толку среќен како сега!

Половина свет вчера во своите домови го славеше Католичкиот Велигден, а Меланија и Доналд овие празници ги поминаа во куќата во Пал Бич, на Флорида.

По месеци полни стрес кои се зад нив, првата дама и претседателот „избегале“ од Вашингтон и најглемиот христијански празник го поминале одејќи на миса во локална црква.

Иако сме навикнати на спротивното, овој пат Доналд својата убава сопруга постојано ја држеше за рака, гледаше во неа како заљубен тинејџер а и двајцата цело време беа насмеани и видно расположени-пишуваат американски медиуми.

За празникот, Меланија по обичај заблеска-доаѓањето на убавото време првата дама го искористи после повеќе месеци да облече летен фустан без ракави и шпиц затворени сандали.

Во друштво на претседателот и првата дама на Америка била и ќерката на Доналд Тифани Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top