| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за сообраќајката кај Католичка: Полукружно преку две полни линии се забил во мотор

Повреден е моторџија во сообраќајна несреќа која се случи денеска попладнево меѓу автомобил и мотор на булеварот Метрополот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичка црква. По сообраќајката моторџијата е пренесен во Клинички центар каде му е укажана лекарска помош.

Според очевидци до судирот дошло откако возачот на автомобилот се обидел да влезе во спротивната лента и на тој начин прегазил две полни линии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top