| четврток, 6 декември 2018 |

Заев по средбата со Каевски: Не сум човек кој веднаш разрешува луѓе

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со директорот на Агенцијата за млади и работи му посочил да се побара одговорност од сите учесници , но и да се спроведат јасни протоколи за грешката со книгата поезија никогаш да не повтори.

Премиерот го охрабрил директорот целосно да се расветли случајот со збирката контраверзната збирка „Млади поети“.

– Јас како градоначалник имав помагано финансирање на книги. Јас и како комерцијален директор имам помагано финансирање на книги и издавање. Не сум ги читал сите тие книги и сите тие детали внатре. И од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе – вели Заев.

Како што информираа од владината прес-служба, на средбата бил осуден говорот на омраза и дискриминацијата која е идентификувана во дел од збирката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top