Научниците проучиле се што било напишано на страницата Reddit r/Conspiracy, од 2007 до 2015 година, а после поделба во групи на луѓето кои ја посетуваат оваа страница, научниците биле изненадена кога дознале дека традиционалните теоретичари на заговор претставуваат само мал, но многу гласен процент на луѓе кои се активни на оваа страница.
„Вообичаено се верува дека оние кои веруваат во теории на заговор имаат тенденција секоја завера да ја поврзува со се останато“, вели научникот Колин Клајн за австралиските медиуми.
„Таквите луѓе ги откривме, но тие се само капка во морето“, додава тој.
Имено, истражувањето покажа дека теориите стануваат се попоуларни и пошироко распространети, кога низа на различни луѓе ги поврзуваат со претходни сопствени уверенија.
Значи, многу луѓе се поврзуваат со теории на заговор поради недоверба во традиционалните извори и информации, а поради интеракција на споменатата страница, почнале да веруваат и да промовираат се порадикални идеи.
„Иако денеска теоретичарите на заговор се многу поинакви од било кога, се сомневаме во тоа дека мора да постојат одредени психолошки особини кои ги карактеризираат и се специфични само за таа група на луѓе. Некои се ирационални. Некои се несреќни, бесни, некои пак се расисти, а други скептични“, стои во заклучокот од ова истражување.
Во заклучокот стои и дека внатрешната логика која се отсликува во тероризмот, има сличности со заблуда, која е присутна кај шизофреничарите.
Авторите на истражувањето велат дека овој увид може да им помогне на научниците да откријат како се формираат теории на заговор и како тие можат да се „демонтираат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст