| четврток, 6 декември 2018 |

Бобан Илиќ изрази жалење и рече дека не се чувствува виновен за смртта на Алмир

Обвинетиот Бобан Илиќ, кој се товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, во врска со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу, рече дека не се чувствува виновен на денешното судско рочиште каде беа дадени завршните зборови. Илиќ изрази жалење за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин.

Неговиот адвокат, Стеван Павлески побара ослободителна пресуда. Како што рече Павлески, неговиот клиент не го извршил делото со умисла. Тој се повика на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека Илиќ бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе.

– Вештачењата се резултат на доказите, во вид на видео снимки, искази на сведоци, очевидци на настанот, тоа се супер докази. Врз основа на тие докази се изготвени вештачењата – изјави Павлески по судењето.

Објавата на пресудата е закажана за 5 април.

фокус.мк

Мајката на Алмир: Мојот син нема да се врати, но вашите треба да живеат слободно!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top