| четврток, 6 декември 2018 |

Шон Пен конечно проговори за неа: Таа не може да се спореди со никого!

По неколкугодишно отсуство од јавноста, Шон Пен се враќа за да ја претстави својата прва книга и патем проговори за своите поранешни сопруги.

Не е тајна дека актерот, од неодамна и писател, и неговата поранешна сопруга Мадона се во одлични односи. Пред две години тие заедно се појавија на еден хуманитарен настан на којшто таа му предложи повторно да се венчаат. Тој во емисијата “The Late Show” потврди дека љубовта меѓу нив не е исчезната. „Многу ја сакам мојата прва сопруга. Таа не може да се спореди со никого!“

Парот се запознал во 1985 и истата година, шест месеци по љубовта на прв поглед, тие се венчаа. Заедно глумеа и во филмот “Shanghai Surprise”, а Мадона го посвети и својот трет албум “True Blue” на својот сопруг. Сепак, на идилата многу брзо и дојде крај. Шон Пен беше уапсен за напад на фотограф и неговите јавни испади стануваа се почести.

Пејачката кон крајот на 1987 поднесе барање за развод, па потоа го повлече. Сепак, на почеток на 1989 таа одлучно реши да стави крај на нивниот брак. Мадона тогаш го обвини својот сопруг дека во неколку наврати тој физички ја нападнал, но во 2005-та за своите обвинувања изјави дека биле злонамерни, безобразни и неточни.

Вториот брак на Шон Пен со актерката Робин Рајт, не заврши со пријателски односи. „Не се согласуваме. Имаме целосно одвоени односи со нашите деца и мислам дека така е најдобро. Ние двајца не делиме исто мислење за односот како родители, дури и кога нашите деца пораснаа, тој факт не се промени.“ – изјавува Пен.

Нивната врска од самиот почеток била многу турбулентна. По бракот со Мадона, актерот се заљубил во Робин Рајт и се вселил во нејзиниот дом. И по раѓањето на нивните две деца, работите не се смириле.

Во неколку гостувања Шон Пен отворено зборува за своите поранешни сопруги, но на тапет се уште не се нашла неговата последна љубов, Шарлиз Терон. Врската ја започнаа кон крајот на 2013 година и се верија веќе наредната година.


Терон реши да ја прекине веридбата кон средината на 2015 и никогаш не ја прокоментира својата одлука. Се слушнаа гласини дека глумицата едноставно одлучила дека тој не е човек за неа откако тие заедно работеа на филмот “The Last Face” каде што на сетовите со неговото однесување бил неподнослив, нервозен и премногу критикувал.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top