| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка во Центар: Се степале пред скопски локал во 2 часот по полноќ

Ноќеска во 02.00 часот по полноќ било пријавено дека околу 01.45 часот пред угостителски објект на улица „Димитрије Чуповски“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи од по три
лица.

Од една страна биле В.К. (21), Б.Р. (21) и Ф.Б. (26) сите од Скопје, а М.А.(23), П.М.(26) и Ф.Г.(23), сите од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во Полициската станица и со нив бил извршен разговор. По
целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top