| четврток, 6 декември 2018 |

Суровоста на Меган Маркл на дело: Како идната принцеза му го скршила срцето на поранешниот сопруг!

Кога Меган Маркл решила да стави точка на бракот со продуцентот Тревор Енгелсон 2013 година, реагирала брзо, практично и помалку сурово.

Наместо од својот дом лично да се упати во Лос Анџелес, каде со сопругот живеела во бунгалов, Меган свршеничкиот и свадбениот прстен го пратила по пошта.

pope

Енгелсон, кој својата тогашна сопруга ја запознал на сет на серијата „Костуми“, додека нејзината слава почнувала, бил скршен од ненадејното барање на Меган за развод, едвај две години по нивната венчавка.

Овие информации испливаа од новата биографија за Меган и не личат на слатката девојка која се претстави на јавноста како идна принцеза. Биографијата ја направил Енду Мортон, кој ја претстави Меган Маркл како комплексна личност, помалку пресметлива. Меган отсекогаш сонувала да стане принцеза, а желба и била да стане Дајана бр.2, рекла една нејзина пријателка од училиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top