| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени семафорите од обиколницата во Битола, биле поставени во петокот

Засега нeпознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп – Охрид.

– Украдени се семафорите дури и со акумулатори, а исто така и патната сигнализација што беше поставена. Обиколницата требаше да биде пуштена во употреба утре зашто ќе има реконструкција на влезот за Битола од страната на Прилеп, па возилата ќе треба да минуваат низ обиколницата. Семафорите беа на фирмата изведувач „Илинден“ која имаше добиено и одобрение за пренамена на режимот на сообраќај, изјавил за Sdk.mk инспекторот за патишта Сашо Здравевски.

Семафорите во петокот беа поставени на обиколницата во должина од 500 метри од двете страни на патот и беа во функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top