Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука. Што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Апсолутно и тие не се виновни, но го понесоа товарот за овој случај, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарсо прашање по завршувањето на првото рочиште за предметот на СЈО „Титаник“.
Груевски рече дека разговарал со неговиот телохранител, кој му рекол дека дента на 27 април 2017 разговарал само со неговата сопруга и со неговиот брат за семејни работи и немало ништо повеќе од тоа.
Според Груевски, објавувањето на информациите со детали од обвинението за настаните од 27 април не само што е наменско, туку е и направено за да се објавуваат во фази.
– Ги повикувам ако имаат било каков доказ против мене, веднаш и без двоумење да го објават, рече Груевски, додавајќи дека членот на неговото обезбедување е брат на Александар Василевски Нинџа, кој е обвинет за настаните во собранието од 27 април минатата година.
Според Груевски овие наводи што се изнесени во јавноста за 27 април и случаите што се водат против него во СЈО, се за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми, како што е она со името и грешките што го прави власта.
– Деградирањето и омаловажувањето е патолошка опсесија на оваа власт за дефокусирање на јавноста од реалните грешки на Владата и за редефинирање на многу работи кои претходно беа најавени од СДСМ, додаде тој.
На прашањето кој ги нарачува овие случаи, Груевски одговори дека „тоа е од тој што има интерес да не се зборува за неговите грешки, да не се зборува за неговите чекори што ги прави, за неговите ветувања што ги дал и сега треба да се исполнат, туку да се зборува за сето ова“.
Груевски рече дека и на денешното рочиште за „Титаник“ се чувствувал притисокот кон судиите што побрзо да ги завршат предметите против него.
– Денеска ми беше кажано дека имам само еден ден и тоа не цел, само три часа да можам да прочитам десетици илјади страни што го испратило СЈО, од кои што претпоставувам дека најголем дел се нерелевантни, но мора човек да ги прочита за да знае што има во нив, рече Груевски.
Посочи дека денеска прва вест во медиумите е „Титаник“, а втора е за името, се со цел да се покријат одредени политички случувања во државата, што се врзани и со името и за секојдневните скандали што се случуваат.
– Ако можете да забележите сега е модерно и во тренд е за се и сешто јас да бидам обвинет. Вчера беше кажано дека не сум одговарал за конфликтот во 2001 година. Значи не се бара одговорност за некој што го направил конфликтот, туку јас не сум одговарал затоа што сум бил еден од членовите на Владата, истакна Груевски и додаде дека во тој контекст се притисоците врз Судот да води брзи постапки со кршење на правата на сите обвинети.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст