Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од нула до седум, а максималната од 12 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе биде од четири до 18 степени.
До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во значителен пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.