| четврток, 6 декември 2018 |

„Титаник“ – првиот процес во новата зграда на Кривичниот суд

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ.

Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети.

Официјалното пуштање во употреба ќе се случи денска напладне.

Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа. Изградбата почна во мај 2010 година.

Се дотерува новата зграда на Кривичниот суд, денеска е отворањето (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top