| четврток, 6 декември 2018 |

Снаа се обидела да го убие свекорот и свекрвата

policija_soobrakajka

Две постари лица со тешки телесни повреди завршиле во Ургентниот центар во Скопје откако вчера околу 19 часот нивната снаа се обидела да ги убие во нивниот дом во скопско Раштак.

Како што информира полицијата 56 годишната снаа Бисерка М.В. од тераса ги бутнала својот 82 годишен свекор Ѓорги В. и неговата 83 годишна жена Пауна. За среќа старците го преживеале падот. Со возило на Брза помош веданш биле пренесени во Ургентниот центар.
Нервозната снаа веднаш биле приведена од полицијата во Полициската станица во Кисела Вода. Полициските службеници извршиле увид и најавуваат кривична пријава за снаата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top