Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави за РТС дека за време на разговорите со претседателот Александар Вучиќ била отворена темата за реконституција на владата, но дека таа ќе чека постабилни времиња на Косово.
„Ситуацијата станува се потешка, и сè потешко е да се зачува мирот и стабилноста“, изјави Брнабиќ, цитирана од Н1.
Брнабиќ изјави дека таа и Вучиќ за време на состанокот денеска заклучиле дека во овој момент има поважни работи од реконструкцијата на Владата.
„Националното единство е од клучно значење, реално ние сме во тешка ситуација. Добро е што имаме претседател кој размислува со ладна глава. Реконструкцијата на Владата ќе почека постабилни времиња во Косово и Метохија. Ние работиме како тим, и овој тим мора да биде поподготвен од било кога“, истакна Брнабиќ.
Таа додаде дека е разочарана од недостатокот на реакција на странските партнери на Србија на настаните во Косово и дека Вучиќ „никогаш досега не бил толку разочаран“.
Премиерот на Србија истакна дека ситуацијата е тешка и дека е сè потешко да се зачува мирот, стабилноста и рационалниот пристап кон Србија кога Приштина не ги почитува постигнатите договори, „дури и за наједноставните работи“.
Србија е подготвена за дијалог, вели Брнабиќ, додавајќи дека очекува по пет години, целосно да се примени Бриселскиот договор и дека ЕУ врши притисок врз Приштина за спроведување на договорот.
„Претседателот разговара со ЕУ и со САД што може да очекуваме понатаму во Косово. Србија нема да се откаже од своите национални интереси“, рече таа.
Брнабиќ, исто така, изјави дека Косово не може да дејствува како држава на самитот во Софија, и потсети дека Европската комисија настапува неутрално и дека пет членки на ЕУ не ја признаваат самопрогласената независност на покраината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


