| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Тодевска: Имав среќа да се омажам за згоден спортист со чиста душа

Има многу работи што ги сакам и ги почитувам кај мојот сопруг, но она што ме плени е неговата чиста и праведна душа. Тоа не се наоѓа лесно и јас имав среќа овој згоден спортист да биде токму таков, добар и искрен човек“, открива популарната пејачка Тамара Тодевска во почеток на интервју за специјалното издание на магазинот „Story“.

За нешто повеќе од еден месец, нејзината ќерка Хана ќе наполни две години. Тамара вели дека откако таа и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски-Мачка, станале родители, ништо не им претставува товар. Пејачката раскажа колку ужива во семејниот живот, кој ја направил потолерантна и посмирена кон околината. Со Тамара муабетевме и за нејзината музика, но и за она пред кое не може да премолчи, загадениот воздух во Скопје, нешто што ја тера да бега од својот град, и за мирот што го наоѓа во родниот град на Мачка, Гевгелија.

Што си помисли, што почувствува кога првпат ја виде Хана и колку мајчинството и ќерката те променија како личност?

– Хана наскоро ќе наполни две години и сите сме превозбудени околу овој датум. Многу работи во животот ми биле потешки за правење од мајчинството. Јас едноставно не гледам тешкотија кога станува збор за среќата на моето дете. Само таа да расте здрава и весела, а сѐ друго не претставува товар. Многу ми помага Александар. Тој е многу горд татко и ужива во дружењето со Хана. Интересно е дека пред да се роди Хана, на мојата професија гледав како на нешто што природно ми следува поради талентот и семејната приказна во која двајцата родители ми се музичари, но сега вистински сум благодарна што ја работам оваа работа и имам време да си го чувам детето и да уживам секојдневно во неговото растење. Во ова динамично време, најголем дел од мајките, уморни од секојдневната работа, мораат да бидат и силни и расположени за своите деца. Тоа ги прави овие мајки во моите очи вистински херои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top