| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Кил во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Кил е на патот на европскиот шампион Вардар за ново учество на фајнл-фор турнирот во Келн, германскиот тим ја задржа предноста од Германија откако минимално со еден разлика загуби на гостувањето кај ПИК Сегед.

Кил со победа од 29:22 отпатува на реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПИК Сегед, унгарскиот клуб денеска славеше само со 28:27, недоволно за да направи изненадување.

Кил е во одлична форма и Вардар ќе има тежок предизвик пред себе иако ќе влезе како фаворит во пресметката против германскиот тим.

Се уште нема точен термин за дуелите на Вардар и Килн, дуелот во Германија ќе биде во периодот од 18 до 22 април, а реваншот во Скопје од 25 до 29 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top