| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не биле отфрлени овие 2 творби кои се вулгарни и недолични

СДММ најостро ги осудува говорот на омраза и дискриминацијата коишто се во спротивност со човековите слободи и права и во спротивност со концептот на едно општество за сите во кое СДММ силно верува, се вели во соопштението на Социјалдемократска младина на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е партија позната по ширењето на говор на омраза и дискриминација и оттаму, нивната наводна загриженост за збирката на млади поети е манипулација и првоаприлска шега.

Како што јавно соопшти и Агенцијата за млади и спорт, веќе се започнати конкретни чекори во лоцирање на одговорноста за пропустот со збирката од проектот „Млади поети“. Публикацијата е повлечена, а сите што учествувале во пропустот ќе се соочат со одговорност.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ниту една прес конференција, ниту пак извинување нема да ја оправда грешката, која ја направија Агенцијата за млади и спорт и Дарко Каевски како директор и уредник на збирката творби.

Дарко Каевски денес самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите.

На 28 декември 2017 година, директорот на АМС Дарко Каевски организираше поетско читање на стихотворбите и ги додели наградите на 3-те автори, при што на официјалниот фејсбук профил на агенцијата објавија дека се пристигнати творби од 48 автори, што значи дека во текот на издавањето биле отфрлени 4 творби и била извршена селекција.

Прашуваме:

Зошто не биле отфрлени овие 2 творби кои се вулгарни и недолични?
Зошто уредникот на збирката Дарко Каевски не ја прегледал збирката пред издавање?

Замислете уредникот на Њу Јорк Тајмс или Билд да не ја препровери содржината пред да биде издадена.

Срамно е и недолично за ова што се случува со Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски нема отпочнато и реализирано ниту еден единствен капитален проект, а и овој проект што го продолжи во континуитет од претходните директори од ВМРО-ДПМНЕ, го упропасти.

Агенцијата за млади и спорт од некогаш најдобра институција која работеше во прилог на младите, стана потсмев за целата јавност за само 10 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top