| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Во солидарност со Велика Британија ја повлекуваме апликацијата за членство во ЕУ

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на својот Твитер профил најави дека Македонија ќе ја повлече својата апликација за членство во Европската Унија, во солидарност со Велика Британија, односно, Македонија за овој потег била инспирирана од „Брегзит“.

– После години и години како кандидат-земја, заморени од чекање за да ги започнеме преговорите за членство, инспирирани од Брегзит и во солидарност со Велика Британија, Република Македонија одлучи да ја повлече својата апликација за влез во Европската Унија и да се збогува со своите Европски аспирации #Мексит“, напиша Димитров.

Секако, Димитров ова го напиша по повод 1-ви Април, Денот на шегата.

Сепак, и покрај природата на денот 1 Арпил, прашање е колку е ова несериозно однесување и оваа шега од страна на Димитров е соодветно за овие тешки времиња во кои се наоѓа државата. Ако постојано во сите негови јавни настапи се подвлекува колку е важно и клучно влегувањето на нашата држава во ЕУ и НАТО, тогаш тоа не би требало да биде предмет за на таа сметка да се прават вакви шеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top