| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските казина на мета: Уште една коцкарница ограбена ноќеска во центарот на градот

Утринава некаде околу 40 минути по полноќ се случил уште еден грабеж на казино на подрачјето на Скопје.

Пријавено е дека непознато лице влегло во казино во Скопје на улица „Максим Горки“, во строгиот центар на градот и со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. За потсетување, синоќа околу 22 часот, двајца непознати крадци вооружени со „калашникови“ ограбиле казино на булеварот Партизански одреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top