| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон: Нема да спијам поради Кристијано Роналдо

Капитенот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по натпреварот со Милан изјави дека е задоволен од победата во домашното првенство, но дека е загрижен пред мечот со Реал Мадрид од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите.

– Бевме ефикасни и успеавме да триумфираме. Мора да се признае дека и Милан беше одличен на теренот, тие имаат квалитетни играчи во средниот ред. За нас е сепак најважно што ги освоивме трите бода, истакна Буфон.

Јувентус вчера на домашен терен го совлада Милан со 3-1 во дербито на колото во Серија А и сега има четири бода предност во однос на второпласираниот Наполи. Според искусниот голман сега целиот фокус е насочен кон Реал Мадрид.

– Играме против тим кој е посилен од нас. Имаат феноменални индивудуалцуи. Ако победиме ќе направиме нешто неверојатно. Меѓутоа, знаејќи дека ќе се соочам со Кристијано Роналдо, тој факт му го нарушува сонот, потенцира Буфон.

Јувентус го пречекува Реал во првиот натпревар во вторник, а реваншот ќе се игра во Мадрид на 11-­ти април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top