
Вчера околу 18.20 часот на влез во с. Студеничани-Скопје, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возач на автобус бр.67, А. Д. (36) од Скопје и непознати лица со патничко возило “Пасат“ со скопски регистарски ознаки, лицата му упатиле закани на А.Д.
Околу 18.55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречиле патничко возило “Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, и со употреба на сила ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот.
А.Д. бил пренесен во Градска општа болница “Наум Охридски“. Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25) и А. Г. (24) од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица -Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


