| четврток, 6 декември 2018 |

Планинар загина утрoво во битолско: Паднал и се урдрил со главата во камен, починал на лице место

Утрово во 10 часот во СВР -Битола пријавено е дека на патот помеѓу с. Лавци и планинарски дом Неолица, С.С. (65) движејќи се по патот се лизнал и удрил во камен со главата, при што од страна на планинарите веднаш по незгодата му била укажана прва помош.

За настанот веднаш била запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување, од каде била испратена екипа за помош но, по пристигнување на местото на несреќата, тие констатирале дека С.С. почина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top