
Водителката Милена Антовска веќе подолго време не е на работните задачи, а причината е многу едноставна и радосна. Таа стана мајка на прекрасно девојче Лана Марија, која сега има скоро седум месеци. Деновите од трудничко отсуство полека, но сигурно поминуваат, па Милена наскоро се враќа на малите екрани.
– Се разбира дека ми недостасуваат камерите, дружбата, комуникацијата со гледачите. Тоа е мојата работа, мојот свет. Но, секако дека и бев попотребна на ќерка ми во изминатиов период. По цели денови сме заедно, морам секогаш да и зготвам за јадење, да ја пресоблечам, да ја заспивам, да се играм со неа. Што да правам кога сум на слатки маки. Тоа е живот, вели Милена за Вечер прес.
– Најсреќна сум кога се гушкаме со ќерка ми и сопругот. Тоа се моите најмили моменти. А можам да се пофалам дека, за разлика од некои други мажи, мојот сопруг Гордан одлично се снаоѓа во менување на пелените на малата Лана Марија, раскажала водителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


