
Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус – Макс Алегри, беше задоволен од победата со 3-1 над Милан во синоќешното дербито од 30-тото коло на Серија А. Шампионите повторно имаат 4 поени предност на врвот на табелата пред Наполи кој вчера одигра само 0-0 на гостувањто кај Сасуоло.
– Беше многу важно да се вратиме на победите. Против нас се соочи противник во добра форма и со квалитетни фудбалери. Чудесно е дека момците покажаа карактер и ја зголемивме предноста на табелата. Таквите победи се сигнал за противниците. Треба да се обидеме да го земеме максимумот во секој од следните натпревари и тогаш ќе бидеме шампиони, изјави Алегри.
За добриот натпревар на Германецот Сами Кедира, кој постигна гол и асистенција, Алегри изјави:
– Тој е играч од светска класа и знае како да дејствува во клучните моменти. Со него во составот можеби немаше да изгубиме поени против СПАЛ (0:0). Кедира е многу интелигентен и ја чита играта, иако понекогаш изгледа малку бавен, го пофали стратегот, по што од него беше побарано да го прокоментира голот на Леонардо Бонучи.
– Мило ми е за Бонучи дека постигна гол, но уште повеќе се радувам дека Јувентус победи. Хуан Куадрадо? Пријатно ме изненади. Пред извесно време тој не секој пат се вклучуваше добро како резерва, но сега остави одличен впечаток, заврши Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


