| четврток, 6 декември 2018 |

Конте: Ако загубиме од Тотенхем тоа ќе биде проблем на клубот

Италијанскиот тренер, Антонио Конте, по се изгледа не се грижи многу за својата иднина во Челси и продолжува да ги разочарува навивачите со индиферентните изјави што ги дава пред речиси секој натпревар. „Сините“ денеска играат големо градско дерби против Тотенхем, а евентуален пораз ќе значи и сведување на теорија на шансите за место во ЛШ следната сезона. Но и покрај големата важност на овој меч, Конте не делува премногу загрижен поради тоа што го потврдува и неговата изјава.

– Сигурно дека ова е важен натпревар, знаеме дека мораме да победиме ако сакаме да останеме во игра за ЛШ. Да бидам искрен, не знам што ќе се случи ако загубиме од Тотенхем. Тоа и не е мој проблем, туку проблем на клубот, истакнал Италијанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top