Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата, а првата работа што ќе ја направи е поднесување интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што ова владејачко мнозинство во изминатите десет месеци ѝ ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа.
За враќање во Собранието тој наведува два услови, политички и математички.
– Политичкиот услов, можам да кажам, очекувам многу брзо да биде надминат, да бидат исполнети нашите барања, коишто одат во паралелна насока заедно со преговорите во однос на реформските закони, кои се многу важни за иднината на оваа држава, бидејќи нас не интересира иднината и реформите во оваа држава“, изјави Мицкоски и најави документ со нивни барања.
Вториот, математичкиот услов, според него, во најголема мерка е исполнет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи