Жозе Мурињо сака да ја засили дефанзивата на Манчестер јунајтед за следната сезона и веќе има список на желби за летниот преоден рок. Португалецот не е задоволен од опциите кои ги има во одбраната, па подготвен е да инвестира на овој дел од теренот и тоа со играчи од Барселона и Јувентус.
Мета на Мурињо е Умтити од Барселона кој има откупна клаузула од 52,5 милиони фунти и нема напредок во преговорите за нов договор со каталонскиот клуб.
Платата која не сака да му ја понуди Барселона за новиот договор, подготвен е да му ја даде Манчестер јунајтед. Со оглед на тоа дека фудбалерот има откупна клаузула овој трансфер има големи шанси да се реализира.
Втора цел на Манчестер јунајтед е бекот на Јувентус, Алекс Сандро. Според италијанскиот медиуми, Јуве е подготвен да се откаже од него во летниот преоден рок, но само доколку некој ја плати потребната сума, а таа изнесува околу 60 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст