| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов упати честитка до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до верниците од католичка
вероисповед по повод големиот христијански празник Воскресение Христово ­- Велигден.

– За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја прифаќаме единствената жртва што може да нѐ откупи и ослободи од силата на гревот. Овој празник е и потсетување дека секој човек има непроценлива вредност и неотуѓиво човечко достоинство, што е вродено право и заемна обврска да ги почитуваме и прифаќаме нашите ближни и соседи со сите нивни разлики, вели Иванов во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top