Најчесто фудбалерите кога ќе постигнат гол против нивниот поранешен клуб, доколку сакаат да покажат почит кон него не слават, но тоа не беше случај синоќа со Леонардо Бонучи кој го прослави погодокот против Јувентус. Дефанзивецот вели дека не планирал да слави ако даде гол, но свирежите на фановите го предомислиле.
– Ова беше емотивен меч за мене, и тоа е јасно. Мислам дека приемот од навивачите беше 50-50, некои преферираа да ми свират и го почитувам тоа, но мислам дека му дадов многу на Јуве и во тие седум години играв повеќе од било кој, изјави Бонучи по натпреварот.
– Не сум навреден од фановите, тие имаат право да прават што сакаат. Ова беше интензивен и емотивен натпревар. Не планирав да прославувам ако дадам гол, но свирежите ме предомислија. Во тимот на Милан имаме многу млади момци на кои им се потребни ноќи како оваа. Се разбира доколку Хакан Чалханоглу наместо пречката погодеше во голот, сега ќе зборувавме за друг натпревар, изјавил италијанскиот стопер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст