| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров со закана до Ким Јонг Ун: Ќе ти се случи шарена револуција!

Дипломатскиот булдужер на Македонското МНР по вчерашната жестока реакција за настаните во Јемен и Саудиска Арабија, денеска го прегази и претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Од Виена, срцето на европската цивилизација, министерот за надворешни работи Никола Димитров упати жестоки критики до водачот на Народна Република Кореја.

-Македонија нема да остане нема на еклатантното кршење на меѓународното право од страна на Северна Кореја преку развивање на нуклеарна програма. Нема да молчиме пред тиранијата на Ким Јонг Ун, му порачуваме веднаш да престане со нуклеарната програма. Во спротивно сме принудени да имаме жестока реакција – рече Димитров.

Димитров на Ким Јонг Ун му се закани и со „Шарена револуција“, која ќе ја предводат веќе докажани лица.

-Ким Јонг Ун е готов. Тим на секторот за револуции на нашето МНР, предводен од пратеникот Павле Богоевски веќе ги полни кондомите со боја кои ќе бидат фрлени на зградата на претседателството на Комунистичката партија на Народна Република Кореја, ова ќе поттикне цела револуција во земјата. Корејците се освестуваат – порача Димитров.

Димитров соопшти дека Ивана Туфегџиќ веќе била пратена на пластична операција за закосување на очите во Швајцарија, од каде директно преку тајни канали ќе се префли во Северна Кореја за да го почне отпорот против Ким Јонг, „Ивана е многу паметна, јазикот веќе го научи“, им кажа по настанот Димитров на новинарите.

Во исто време, шефот на македонската дипломатија откри дека во одделението за развој на ДБК се развива ново оружје кое ќе биде пратено во Кореја, познатиот пајак убиец.

-Пајакот кој ја истепа полицајката Јасмина беше однесен во лабораторијата на ДБК, каде што беше направена софтверска анализа на неговата електроника, која кај него предизвикува агресија. По ова тој беше мултиплициран и сега Град Скопје поседува цела специјална единица на пајаци. Нив ќе ги пуштиме преку Јужна Кореја да влезат во Северна и да ги напаѓаат сите стратешки позиции на диктаторот – обзнани Димитров.

Димитров потенцираше дека Македонија е приморана на овие мерки, затоа што Ким Јонг Ун не ги прифатил дипломатските барања на премиерот Заев испратени од говорницата во Обединетите нации. „Чим не се разбира од збор, ќе добие револуција и пајаци“, рече Димитров.

 

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top