| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија горат патарини поради зголемените цени (видео)

Голем број на демонстранти од Албанија излегоа на протести против поскапувањето на патарините, а во градот Кукеш дури е запалена и наплатна рампа во знак на огромното незадоволство од донесената одлука.

Полицијата вложи големи напори да ги контролира протестите за тие да не излезат целосно од контрола.

Демонстрантите, пак тврдат дека биле непотребно нападнати и удирани со палки од страна на полицајците иако најавиле дека протестот ќе биде мирен. Владата на Албанија предводена од Еди Рама нема намера да ја повлече одлуката за поскапи патарини на државните патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top