Владата на Хрватска, оваа година објави квота за вработување на 31.000 странци, од кои, за туризам и угостителство се доделени 4.660 лиценци.
Минатогодишната туристичка сезона во Хрватска беше многу добра, а Министерството за туризам за оваа година очекува уште подобри резултати. Хрватското биро за вработување проценува дека оваа година од 15 до 20 илјади работници ќе треба да работат во угостителско-туристичкиот сектор.
Хрватската служба за вработување соопшти дека во првите два месеци од оваа година имало малку помала побарувачка од страна на работниците, но изборот на кандидати за претсезони се уште е во тек.
Во првите два месеца од оваа година, од вкупно 14.000 работници на сезонски работни места, најбарани се работниците од областа на сместување, подготовка и служење на храна, најчесто келнери, шанкери, готвачи, кујнски работници, помошни келнери, помошни готвачи, рецептори и туристички аниматори.Што се однесува за работа во хотелите, секој хотел сè уште има отворени позиции. Како што велат, тие гарантираат плата меѓу 700 и 950 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.