Една мајка од сојузната американска држава Џорџија, не знаела што да прави со својот 13- годишен син кој почнал да се однесува разгалено и да им се потсмеава на децата кои носеле облека од супермаркет наместо рендирана.
Мајката на разгалениот Ентони решила да му го дотера паметот и да му одржи лекција која сигурно нема да ја заборави.
Сиера Британи Форни не сакала тоа да го толерира однесувањето на синот и одлучила да му одржи лекција на својот син така што тој ќе носи половна облека која ја купиле во продавница “second hand” за 20 долари и целата приказна ја објавила на Фејсбук.
„Сакав син ми да научи дека не е се во парите и дека не е во ред да ги потценува другите луѓе според тоа што облекуваат. Многу разговаравме за тоа дека убавите и скапите работи се привилегија и дека се што има може да изгуби за момент“, објаснила Сиера.
Оваа недела Ентони на училиште мора да носи стара облека.
Приказната на неговата мајка допрела до илјадници луѓе низ светот. Повеќето и честитале за нејзината одлука, а некои споделувале и свои стратегии за воспитување на децата.
Сепак имало и луѓе кои не се согласувале со нејзиното дело. Сиера објавила и дополнување на приказната во кое појаснила дека нејзиниот син дал согласност сето тоа да биде објавено на Фејсбук.
Приказната има и продолжение. Ентони ја научил лекцијата, а Сиера објаснува и од каде му е на Ентони ставот дека во животот треба да го има најдоброто. Сепак, главната вина за тоа лежи во однесувањето на родителите. Биле премногу млади кога се родил Ентони и сакале да му го пружат најдоброто, па почнале од брендирана облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст