Констатацијата на дипломатот Ристо никовски дека Албанците никогаш не биле во инфериорна положба во Македонија го испровоцира историчарот Веби Џемаили да рече дека нормално е да имаме албанско-македонска влада, затоа што без Албанците Македонците ќе немале држава.
-Ако Албанците не учествуваат во државата вие нема да имате држава, тоа да ви биди јасно. Без Албанци нема да постои оваа држава. Тоа да ви види јасно. Без нас нема да биде оваа Влада нема да постои оваа влада. Ние, да, сме дел од власт но клучат е кај вас, ние се уште служиме како декор, рече контроверзниот Веби Џемаили во дебатната емисија “Патот кон…“ на Алсат-М телевизија.
Никовски и Џемаили се судрија и за Законот за јазиците. Никовски смета дека Законот за јазикот дефакто не носи никакви нови права за Албанците, туку врши диреткна реструктурација на основите, фундаментите на оваа држава.
-Законот не носи никакви права за обичниот Албанец, иако често пати тоа се заговара, напротив, бара целосна реструктурација на државата, бинационалност, односно тоа е исчекор кон федерализација, рече Никовски.
Џемаили одговори дека е против унитарниот систем на Република Македонија, и дека немало ништо лошо Македонија да биде федерација.
– Да јас сум против унитарниот систем на Македонија. Унитарниот систем треба што поскоро да пропадне. Што има лошо во федерација, бевме во федерација во Југославија, што имаше лошо. Имавме голем стандард, сме живееле добро, рече Џемаили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст