| четврток, 6 декември 2018 |

Апасиев: Time.mk – розовите очила за Македонија

Се почесто агрегаторите на вести наместо според читаност се одлучуваат вестите да ги рангираат според своето политичко убедувања. Агрегаторите како што се вели ги ставија розовите очила и решија да замижат пред фактичката ситуација во државата.
Токму на оваа тема е и последниот Фејсбук статус на професорот Димитар Апасиев кој е член на президиумот на Левица. На својот Фејсбук профил тој вели „Какво време дое… Да ти е страв time.mk да отвориш. Оти може и да се шлогираш од убавиве вести на секое поле.#ДојдеЖивотЗаСитеОдПартија #ДаЖивеатМеснитеКомитети“.

Апасиев конкретно мисли на најчитаниот агрегатор на вести time.mk, кој се почесто промовира вести од провладините медиуми кои се пред се позитивни и креира нереална слика за состојбите во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top