| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ се затрул со козји гулаш во Африка

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ доживеал пекол на африканската дипломатска турнеја. Додека престојувал во Буркина Фасо Дачиќ бил нагостен со специјалитетот на земјата – козји гулаш, од кој сериозно му се слошило, дознава Курир.рс.

-Често патува во африканските земји, зашто тоа е дел од стратегијата за намалување на бројот на земјите кои го признаа Косово. Веројатно имал намален имунутет, па затоа му се слошило. Неодамна имаше вироза, дури два дена остана дома. На вакви патувања се внимава што се јаде, но проментата на климата, времеснките разлики, па и водата можат да предизвикаат повраќање и дијареја. Добро е дека по лекарската интервенција, на министерот му се подобри состојбата, вели изворото на Курир.

И Дачиќ потврдил дека се затрул од локалниот специјалитет во Буркина Фасо.

-Бев исцрпен. Очигледно сум јадел нешто на што не ми е навикнат организмот. Може да е од храната, а може и од нешто друго. Јадев тоа што јадеа сите од делегацијата, ама… Африканската клика е инаква, некогаш организмот во тие егзотични земји реагира побурно, па не знаете дали е од промената на климата или од зачините во храната. Сега не ми изгледа страшно, но тогаш, верувајте, не ми беше сеедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top