Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Пасха упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на еврејската заедница.
– Пасха го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство и токму одбележувањето на овој голем празник во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство и симболизира ново раѓање и надеж. Еврејската заедница во земјава има особен придонес во градењето и во почитувањето на општествените вредности и верските различности. Таа е нераскинлив дел од македонскиот модел на соживот кој се базира на почит и заедништво и негување на различните традиции. Нека и оваа Пасха ни биде потсетник да не дозволиме никој да посегне по нашето заедништво, достоинство и слобода, вели Иванов во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст