| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ги одреди термините за „Ф4“ во машка и женска конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините за одигрување на мечевите од „Фајнл Фор“ турнирите во Лигата на шампиони во женска и машка конкуренција.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите кај дамите ќе се одржи на 12/13 мај во Будимпешта. Македонскиот шампион ЖРК Вардар за да се пласира петти пат по ред во најдобрите четири на Стариот континент, ќе мора да помине преку Митјиланд.

Машкиот завршен турнир е во Келн. Тој е предвиден за одигрување на 26/27 мај. Титулата ја бранат „црвено-црните“, а за повторен пласман во „Фанл Фор“ ќе треба прво да се справат со Кил.

„Фајнл Фор“, Лига на шампионите, жени:

Будимпешта

Сабота, 12 мај
15:15 часот, прво полуфинале

18:00 часот, второ полуфинале

Недела, 13 мај

15:15 часот, меч за трето место

18:00 – финале

„Фајнл Фор“ – Лига на шампиони за мажи

Келн

Сабота 26 мај

15:15 часот – прво полуфинале

18:00 часот – второ полуфинале

Недела 27 мај

15:15 меч за трето место

18 : 00 часот – финале

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top