Поради сомнеж во непристрасноста во работењето и потенцијалните закани и притисоци, адвокатскиот тим во предметот Топлик побара изземање на судскиот совет врз основа на изјавата на Катица Јанева дека СЈО поседува материјали за прислушкувани судии.
Барањето на адвокатскиот тим е да се одложи ова рочиште и СЈО да достави список на сите судии за кои поседува незаконски прислушкувани материјали со што би се оттргнал сомнежот дека и на тој начин се врши притисок да работат во полза на СЈО.
Продолжува тензичната атмосфера во судница и по однос на записниците. Адвокатот Наков рече дека доколку не го добие записникот на цд ќе го напушти судењето. Судијата Шабани се закани со казни и санкции. Наков рече дека нема да учествува активно во судењето, нема да говори, туку само ќе биде присутен во судницата.
Миле Јанакиески го замоли судија да даде оригинал цд за да може одбраната да го спореди со писмениот записник.
“Го споредив цд-то со записникот и увидов дека недостасуваат делови каде мојот бранител Наков елаборира, а недостасува и произнесувањето на Јавното обвинителство. Во тој дел морам да додадам дека фали и ваша изјава каде Вие зборувате и донесувате едно решение. Затоа барам цд и одлагање на ова рочиште”, рече Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст