| четврток, 6 декември 2018 |

Монтела: Селекторот на Италија мора да биде со бела коса

Тренерот на Севилја, Винченцо Монтела со доза на хумор го прокоментира прашањето дали би сакал да го преземе националниот фудбалски тим на Италија.

Монтела изјави дека селекторот на „Азурите“ задолжително треба да има бела или сива коса, за да изгледа достоинствено и го посочи како таква опција Роберто Манчини.

– Се чувствувам прекрасно на функцијата во Севилја, а може и затоа никој од Фудбалската федерација на Италија не контактирал со мене. Сметам дека селекторот на репрезентацијата на нашата земја треба да биде со бела коса или барем со сива. Јас во овој момент имам сосема малку бели влакна на главата. Но, неколку пати се видов со Роберто Манчини – тој има многу бели влакна, имајте го предвид, рече Монтела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top