20-годишната девојка која работела како домашна помошничка во угледно либанско семејство, скокнала од тераса на вториот кат за да се спаси од повеќемесечното физичко злоставување.
Во обидот за бегство на 11. март Ленса Лилса ги скршила двете нозе, а во видео објавено на интернет го опишала малтретирањето на кое била изложена. “Ме тепаа со кабел, ме влечеа за коса низ собата и ми ја удираа главата во ѕид”, рекла Ленса.
Видеото на 19. март го снимила нејзината тетка, додека Ленса се опоравувала во болница во Бејрут. Девојката во видеото вели дека од Етиопија пристигнала во Бејрут за да работи за модната креаторка Елинор Аџами, која ги има возрасните деца Алексис, Кристел и Џо Халил. Аџами е сопственик на модниот бренд “Eleanore Coutire”, а нејзините модели ги носат ѕвездите целиот свет, меѓу кои се и ќерката Андервуд и Медисон Бир.
Ленса, која во понеделникот се вратила кај работодавецот, во видеото вели дека четири членови на семејството секојдневно ја тепале и не и дозволувале да ја напушти куќата. “Секој час бев изложена на некој вид на мачење, но не можев да направам ништо да се спасам”, рекла таа.
Џо Халил често ја влечел за коса, и ставал прсти во очи и ја напаѓал со ножици, заедно со сестрата Кристел. Откако Џо и се заканил дека ќе ја повреди ако не направи се што и наредил додека се врати, одлучила да побегне со другата Етиопјанка, која исто така работела кај нив. Исплашената девојка прва скокнала и притоа ги скршила двете нозе, така што другата девојка се откажала од бегството.
Ленса е една од 100.000 Етиопјанки кои работат како домашни помошнички во Либан. Контроверзниот Кафала систем ги обврзува да ги предадат пасошите на работодавецот, од кој зависат. Ленса на либанската полиција и кажала дека паднала додека чистела, пренела етиопската амбасада во Бејрут, но извор близок на семејството, кој разговарал со нејзината тетка, тврди дека ја премолчела вистината бидејќи се плаши.
“Тетка и разговарала со неа и таа и признала дека го кажала тоа бидејќи работодавецот и се заканил дека ќе ја убие. Нејзиното семејство е загрижено за неа и сакаат да ја видат што е можно побрзо”, рекол изворот. Коментирајќи го видеото, Алексис Халил изјавила дека станува збор за клевета и дека не е чесно да се нарушува угледот на нејзиното семејство пред да се провери автентичноста на видеото.
„Ленса заздравува и во сигурни раце е. Ќе се врати кај своето семејство во Етиопија”, рекла таа. Згрозените либански активисти за денес планираат протест пред седиштето на “Eleanore Couture” во Бејрут. На нозете ќе носат завои, а преку устата селотејп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


