| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристевска: Им дозволувам на лажговците да мислат дека ме излажале

Елена Ристеска со години е позиционирана на естрадниот врв, не само домашен туку и регионален. Се пласира неагресивно и ненаметливо, а речиси секоја нејзина песна е хит. Неодамна одбележа деценија и пол постоење на музичката сцена, последно нешто што слушнавме беше темата „Текила и лимон“, околу која се крена голема прашина, а наскоро ќе ја изненади јавноста со нова песна, која е авторско дело на Сергеј Ќетковиќ.

Вели дека се врзува за луѓето,тешко ѝ паѓа кога мора некого да исклучи од животот и признава дека неколкуте разочарувања што ги доживеала само ја направиле посилна. Поради тоа веќе не дозволува нејзината љубезност и добрина да бидат искористени и сфатени на погрешен начин, секогаш знае што сака и кон што се стреми, а честопати за да ги зачува својот мир и хармонија им дозволува на лажговците да мислат дека ја излажале, на итрите да мислат дека ја надитриле, додека таа мудро стои од страна и се смешка под мустак, знаејќи ја вистината.

-Отсекогаш знаев што ќе бидам во животот и колкав успех ќе постигнам, од детство имав визија дека ќе бидам пејачка, и тоа не каква било и не која било, туку една од петте најдобри во државата, така и се случи. Нескромно ама вистинито. Верував дека ќе трае со години, посакував да славам и 15-годишнина од кариера, и тоа се случи. Авторството беше исто така дел од таа визија, да бидам автор на своите текстови за што поискрено и со свои зборови да ѝ ја доловам на публиката емоцијата што ја носам во себе. Среќата ги следи храбрите, но и искрените луѓе, луѓе што веруваат во Бога и во себе. Во однос на истрајноста, јас сум бик во хороскоп и упорноста и истрајноста се дел од основните карактеристики што ги поседувам. Исто така, не постои полојален партнер, пријател и соработник од мене, нормално доколку лојалноста е возвратена. Уште еден фактор за опстојување во кариерата е перфекционизмот, кој го носи мојот подзнак девица, што ме прави различна од другите, кои не внимаваат премногу на детали“, вели убавата пејачка во разговорот за специјалното издание на магазинот „Story“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top