| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари испланира големо изненадување за Меган, еве каде ја води на свадбено патување

Венчавката на принцот Хари и Меган несомнено ќе биде настан на годината, подготовките се веќе при крај. За својот меден месец, принцот одбрал егзотична дестинација која исто така многу ја сакала е неговата мајка, принцезата Дијана.

Откако ќе го кажат судбоносното ДА ќе се упатат на островот Невис, Карипско море кое припаѓа на држвата Свети Кристофер и Невис. Принцезата токму на ова место во далечната 1993 година ги водела двајцата принцови на одмор.

– Дијана го обожуваше овој остров, а децата таму ги однесе по разделбата од принцот Чарлс, открил извор за британските медиуми. Хари овој остров го има посетено повеќе пати, што докжува дека посебно му се допаѓа, затоа сака и Меган да ужива во таа убавина.

Меѓутоа парот сеуште нема службено објавено каде ќе патува на меден месец, за да се посветат еден на друг, без медиуми и фоторепортери. Токму затоа со себе ќе земет и големо обезбедување. Хари за Меган веќе подготвил и приватно крстарење на јахта, јавање…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top