Апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во понеделникот во Косовска Митровица, е оркестрирано од Србија со цел да се создаде „комплицирана состојба“, изјави синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи.
– Убеден сум дека она што се случи последните денови на северот (на Косово), беше оркестрирано од страна на државата Србија за да се создаде компликувана состојба и да се подготви сценарио планирано од Србија, нагласи Тачи.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ „му наредил на Ѓуриќ да дојде во Косово“.
Кога станува збор за некои закани што дојдоа од Србија во врска со инцидентот во Косовска Миторвица, според Тачи, тие претставуваат само празни зборови.
– Ако тргне војската, ќе се врати како што се врати и возот. Заканите на Вучиќ не импресионираат никого, а најмалку мене, истакна Тачи.
Припадници на косовската полиција во понеделникот вечерта упаднаа за време на одржувањето на средба на локалните Срби во Косовска Митровица, при што беше приведен Ѓуриќ и беа повредени вкупно 32 лица, од кои пет потешко, а меѓу нив и косовскиот министер за земјоделство Ненад Рикало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст