Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги зацврсти своите идеолошки определби кон Запад и расчисти со шпекулациите дека има некаква конекција со Руисија, со заземањето на цврста страна со евроатлантските сојузници во дипломатската војна против Русија.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Донев, вчера ги потврди зборовите на потпретседателот Александар Николоски дека Лондон, Вашингтон и Берлин, а не Москва ѝ се партнери на Македонија, што внесе немир и кај рускиот амбасадор во земјава, Олег Шчербак, кој рече: „Тоа е таа неконзистентност на раководството на партијата која доведе до нејзина смена од власта“.
„Многу македонски синови биле судени и ги давале своите животи за независна Македонија, во пресудите носени во време на комунизмот без исклучок кај сите пишува дека биле за независна Македонија со западна ориентација. Тоа е ВМРО! Нашата цел е членство во ЕУ и во НАТО, затоа што ги делиме истите вредности. Секоја друга политика не ѝ носи добро на Македонија и нема за цел стабилна Македонија, има за цел немир и поткусурување за туѓи сметки. Треба да сме мудри и да останеме силно на оваа позиција“, вели Данев.
Иако за тоа немаше никакви официјални и јавни заложби, медиумите кои се блиски до СДСМ во минатото пишуваа дека ВМРО-ДПМНЕ развивале блиски односи со Русија, но со последните заложби партијата целосно ги задуши шпекулациите. Рускиот амбасадор, кој вчера го нападна ВМРО-ДПМНЕ изјави вели дека во оваа партијат постојат луѓе кои биле проруси ориентирани.
„Јас познавам многу членови на ВМРО-ДПМНЕ што се силно заинтересирани за продлабочување на односите со Русија. Што се однесува до настаните во Собранието, Русија никогаш не се мешала во внатрешни работи на Македонија. Уверувам дека ниту јас ниту кој било вработен во амбасадата не бил во или околу зградата на парламентот“, уверува Шчербак.
Завврстувањето на позициите со западот кореспондира со доаѓањето на Христијан Мицкоски на претседателското место. Веќе при првите недели беше видлив обидот на новото челништво да се доближи до авторитетите од Брисел и од Вашингтон, кои со години имаа заладени односи.
Беа организирани посети во најголемите светски центри на моќ, а не се крие дека и во Скопје се случуваат редовни средби со највлијателните амбасадори во земјава. Внатрепартиските противници на Мицкоски често знаат да обвинат дека тој е близок со оние кои според нивните ставови го смениле ВМРО-ДПМНЕ од власт – западните дипломати.
И покрај видливата евроориентација на македонските политички партии, рускиот амбасадор уште еднаш „замолува“ трипати да се размисли пред да се пресече и да се влезе во „агресивниот воено-политички сојуз“. Шчербак смета дека Македонија ќе стане база на НАТО, оти безбедносната состојба нема да се подобри, посочувајќи го примерот на двете земји членки Грција и Турција и поделбата на Кипар, прашувајќи кој ќе ја нападне нашата држава кога сите од нашето соседство се членки на НАТО, Србија има партнерски однос со организацијата, а македонското небо е контролирано од запад?
„Доколку станете членка на овој сојуз, а НАТО ја нападне Русија, тогаш Македонија ќе стане цел на возвратен напад“, предупреди вчера Шчербак. Ваквото предупредување го пренесоа сите медиуми во земјата. Сепак, тој нагласи дека не се заканува, туку постапува како пријател кој сака да ни ги посочи последиците од влегувањето во НАТО. Кога е во прашање протерувањето на рускиот дипломат од земјава поради случајот „Скрипал“, односно неговите шпионски активности, амбасадорот вели оти македонското МНР првично рекло оти станува збор за солидаризирање со Лондон и со Вашингтон и ништо друго.
„Македонија нема или не сака да ни даде докази каде и како тој го пречекорил дипломатското дејствување“, изјави првиот човек на руската амбасада.
Вели дека претставниците во Скопје одлучиле да го преземат овој непријателски чекор под влијание однадвор, но додава дека тоа не ги ослободува македонските власти од негативните последици во однос на билатералните односи. Истакна дека оваа избрзана и кусогледа одлука се коси со декларираните официјални ставови за развој на конструктивни и заемно добри односи со Русија. Во однос на тоа какви чекори ќе преземе Русија како одговор, Шчербак рече дека Русија е постојан член во Советот за безбедност при ОН и има стара традиција во дипломатијата, поради што убаво ќе промисли што и како да направи.
„Во дипломатијата протерување на дипломат е сериозен и непријателски чекор и во свое време ќе вратиме со наш одговор. Но овој одговор ќе биде адекватен“, истакна Шчербак.
Побара Лондон да соработува во истрагата за убиството со нервен гас на семејството Скрипал и да достави докази за руска вмешаност, оти во спротивно ќе се смета дека врз руските државјани е извршен атентат со цел да се предизвикаат тензии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст